Friday, April 3, 2015

Анатомија на око

Орган за вид



Очите ги примаат светлосните дразби. Тие се нежен орган што е заштитен со черепните коски што ги создаваат ѕидовите на очните празнини и служат како заштита на задниот дел на очното јаболко.

       Околу очите има помошни органи: веѓи, трепки, клепки и солзни жлезди кои имаат заштитна улога, а мускулите служат да го движат окото. Преку окото човекот се поврзува со надворешниот свет.“




 




















Сл. Бр 1 Анатомија на око



Човечко око


      Човечкото око претставува сложен оптички кое е во состојба да ги определаи: бојатараспоредотформата на предметите.
     
      Окото е природен оптички уред чија оптика е идентична на оптиката на фотографскиот апарат. Надворешната форма на окото е приближно сферна со пречник окулу 2,5 см.

      Предниот дел на очната обвивка е проѕирен и се нарекува рожница (Р) со индекс на прекршување 1,38. Зад рожницата се наоѓа ирисот (И), а зад него очната леќа (Л) со индекс на прекршување 1,4. Просторот меѓу рожницата и очната леќа е исполнет со проѕирна течност - очна вода со индекс на прекршување 1,33. Зад очната леќа се наоѓа пивтиеста супстанција наречена стакловидно тело. Во близина на очниот нерв се наоѓа жолтата дамка.


  

Еволуција на окото


      Окото (оculus) е сетилен орган. Тој е орган за вид кој е сместен во орбитата и се состои од очен нерв, очно јаболко и помошни органи на окото.





·                               А - стаклено тело
·                               B - леќа
·                               C - рожница
·                               D - зеница
·                               E - ирис
·                               F - белка
·                               G - оптички нерв
·                               H - мрежница


Обвивки на окото

Надворешна обвивка ( tunica fibrosa bulbi) таа е фиброзна,со преден дел проѕирен и наречен рожница,а другиот е непроѕирен и е наречен белка. Рожницата ја гради предната шестина од целата надворешна обвивка. Таа е всадена (како стакло од часовник) во бразда од белката. Проѕирна е и не содржи ниту крвни, ниту лимфни садови. Белката пак го зафаќа поголемиот дел од надворешната очна обвивка.
 • Средна очна обвивка (tunica vasculosa bulbi) садовна обвивка која во себе содржи крвни садови, нерви и пигментни клетки. Составена е од три дела: садовница, трепкино тело и шареница. Садовницата е срасната за внатрешната очна обвивки тоа со нејзиниот пигментен слој. Трепкиното тело во него се наоѓа трепкиниот мускул. Шареницата е предниот дел од средната очна обвивка која наликува на прстен со централен отвор наречен зеница. Таа ја дава бојата на окото со пигментот кој се наоѓа во нејзините клетки.
 • Внатрешна очна обвивка (tunica interna bulbi) таа претставува невроепителна обвивка составена од два листа, надворешен пигментен и внатрешен наречен мрежница.
  
Проѕирни делови

Очна водичка ги исполнува шуплините што се наоѓаат пред и зад ирисот, односно предната и задната очна комора. A улогата на водичката е да одржува одреден притисок во очното јаболко.


 • Леќа претставува биконвексна леќа сместена меѓу стаклестото тело и ирисот. Поврзана е со тенки влакна за цилијарното тело и е обвиткана со мембрана. Стаклесто тело ја исполнува очната празанина зад леќата и цилијарното тело. Составено е од 98% вода, а останатиот дел се ретки клетки и влакна. Улогата на стаклестот тело е да ја држи прилепена

.


Помошни органи на окото


 • Очни мускули шест напречно пругасти мускули,што го движат очното јаболко во сите насоки.








Сл. Бр. 2 Око


 • Очни капаци се кожномускулни дипли што го заштитуваат окото од предната страна. На нивните слободни рабови се всадени трепките

. • Спојница ја претставува лигавицата што ја покрива задната страна на капаците и предниот дел од белката.

• Солзен апарат -составен е од солзна жлезда, солзни каналчиња, солзна кесичка и носносолзен канал.
Солзната жлезда е сместена во горно латералниот агол од орбитата.

НОРМАЛЕН ВИД

       За да имаме јасна слика за предметите што ги набљудуваме, светлосните зраци при преминот низ окото се прекршуваат преку две главни овални површини:
-       рожница (Cornea)  
-       леќа (Lens).
      Нивната главна цел е светлоста да ја прекршат точно на мрежницата, која се наоѓа на внатрешниот ѕид на очното јаболко. Мрежницата има улога слична на таа што ја има филмот во фотоапаратот, односно светлосниот стимуланс го претвора во нервни импулси и преку очните завршетоци ги пренесува информациите до оној дел на мозокот што е задолжен за видот.


      Леќата, благодарение на својата еластичност, кај младите луѓе може да се испакне и посилно да ја прекршува светлината, па зраците се вкрстуваат на мрежницата при гледање предмети што се наоѓаат во непосредна близина. Така, нормалното око преку акомодација овозможува добар вид и на далечина и од близина.